УНХЦР: Во Македонија дневно ќе пристигнуваат 3000 мигранти


Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) очекува во Македонија дневно да пристигнуваат по околу 3.000 мигранти, соопшти неговата портпаролка Мелиса Флеминг.migranti33

– Не очекуваме да запре приливот на луѓе во наредните месеци, имајќи предвид дека продолжуваат насилствата во Сирија и во Ирак, како и влошувањето на условите за бегалците во Турција, Јордан и Либан, рече Флеминг.

УНХЦР бара поголем ангажман на ЕУ и сите земји членки да гарантираат „праведна распределба“ на мигрантите. Европа, како што наведе Флеминг, може да се справи со мигрантската криза ако бидат преземени соодветни мерки.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1