Иако низ медиумите се рашири веста дека Универзалната сала ќе се вика Александар Македонски, сепак стигнува појаснување дека тоа ќе е името на целата Јавна установа во чиј склоп ќе функционираат повеќе сали.
Значи, во склопот на Јавната установа Конгресен центар Александар Македонски ќе бидат следниве сали:
– Универзална сала Тоше Проески (со капацитет од 3000 седишта)
– Мала универзална сала Мајка Тереза (со капацитет од 300 седишта)
– Конгресна сала ВМРО со капацитет од 300 седишта)
Во оваа институција ќе функционираат и 4 мултимедијални сали :
Гоце Делчев, Тодор Александров, Методија Андонов Ченто и Борис Сарафов, како и Сали за билатерални средби: Панко Брашнаров, Кочо Рацин, Григор Прличев, Димитрие Чуповски, Крсте Петков Мисирков и Браќа Миладиновци