Уништена сегашност и иднина – Лекарите без дозвола го стерилизирале девојчето што роди на 9 години


Девојчето од предградието на Гвадалахара во мексиканската сојузна држава Халиско, кое го привлече вниманието на светската јавност со породувањето на девет годишна возраст, никогаш повеќе нема да стане мајка, бидејќи лекарите кои ја породиле потоа ја стерилизирале. Нејзината мајка, не ја одобрила оваа постапка и пријавила во комисија за човекови права и истрагата е во тек.

bolnica devojceДевојчето по име Дафне, во меѓувреме ја напушти болницата со здраво женско бебе и се вратила во станот на семејството. Но, откако дознале дека градоначалникот и полицијата сакаат да ги посетат, целото семејство избегало од станот и исчезнале во непознат правец.

Полицијата во моментов испитува ДНК на сите машки роднини на Дафне, а пред се на нејзиниот очув, кој веќе бил во затвор за сексуална злоупотреба на својата биолошка ќерка, за да се утврди дали некој од нив е татко на нејзиното дете.

Полицијата, исто така, е во потрага по нејзиното “момче, на возраст помеѓу 15 и 17 години, а кој во меѓувреме, исто така избега и никој не знае каде се наоѓа.

Соседите тврдат дека не е чудно што семејството се отселило, бидејќи привлекувале внимание со неуреден живот и постојани караници.

Очувот, кој бил осудуван за сексуален однос со неговата биолошка ќерка, спиел во истиот кревет со Дафне, често ја тепал дури и на улица пред сите. Таа има 10 браќа и сестри, а мајката се бавела со проституција. Дафне првпат крштеница добила лани кога сакала да се запише на чилиште, но не почнала да учи зошто додека другите работеле таа се грижела за куќата, чистела, готвела за цело семејство,

За самото девојче соседите велат дека е “многу добри и убава” и дека верувале дека има околу 15 години, бидејќи е доста висока и изгледа многу постара отколку што е.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1