Универзална сала не е веќе Универзална – сега се вика конгресен центар “Александар Македонски”


Конгресен центар “Александар Македонски” е новото име на Универзална сала. Промената на називот во Централниот регистар е направена  на 8 јануари годинава. Се подготвува и нов веб сајт во кој ќе биде вметнато новото име на јавната установа.

Сегашниот објект има капацитет од 1568 седишта и важи за место каде се промовира културата и уметноста .univerzalna

Од нејзината изградба далечната 1966 година до денес во Универзална сала се одржале над 5000 настани. Концерти, театарски, оперски и хуманитарни претстави, како и многу други културни и политички манифестации кои ги проследиле околу 7 милиони посетители.

Плановите за овој објект е да се урне и на негово место да се изгради ново здание во форма на јајце.  Реконструкцијата се одлага неколку пати.  Во иднина конгресниот центар Александар Македонски ќе има 2 сали ќе има голема  до 3000 седишта и мала со околу 300 места како и простории за администрацијата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1