Објавен е Правилникот за формата и содржината на месечниот извештај за износот на бруто надоместокот утврден во договорот за дело, авторскиoт договор или друг договор, исплатениот нето надоместок и пресметаните придонеси.
Месечниот извештај се поднесува во електронска форма на образец „МИ-Д/ИН”, чија форма и содржина се дадени во Прилог кој е составен дел на Правилникот.
Електронска форма на образец МИ-Д/ИН
Фирмите кои ги исплатуваат се должни до Управата за јавни приходи да доставуваaт месечен извештај (образец МИ-Д/ИН) за износот на бруто надоместокот утврден со договорот за дело, авторскиот договор или друг договор, исплатениот нето надоместок, пресметаниот придонес за задолжително пензиско и инвалидско осигурување и пресметаниот придонес за задолжително здравствено осигурување за лицата кои според Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување се обврзници за пресметка и уплата на придонесите за пензиско и здравствено осигурување.
Месечниот извештај МИ-Д/ИН се изготвува за лицата за кои фирмата (исплатувач на надоместокот) е обврзник за пресметката и уплатата на придонесите од задолжително социјално осигурување. Ваков извештај поднесуваат и лицата кои се обврзници за уплата на придонесите од задолжително социјално осигурување сами за себе.
Месечниот извештај се поднесува најдоцна до 15-ти во месецот за претходниот месец и задолжително по електронски пат.