Kазни за оние што ги блокираат улиците


До Општина Ѓорче Петров стигнале многубројни поплаки дека не се собира на време сметот и дека тешко се поминува помеѓу паркираните возила на самите улици.

-Комуналните инспектори излегоа на терен да ја констатираат состојбата која за жал е негативна. Попусти беа апелите на општината за отстранување на возилата од улиците за да можат општинските комуналните служби да ги расчистат улиците од снегот или пак да се фрли сол на замрзнатите улици, посочуваат од општината.U-lancanom-sudaru-u-ulici-Kralja-Milana-u-Beogradu-1

Од таму, истакнуваат дека дури и возилата на ЈП Комунална хигиена едвај поминуваат да го соберат сметот кој останува некренат повеќе од предвидените термини затоа што вистинска умешност е камионите за собирање смет да поминат помеѓу автомобилите кои се паркирани на самите улици иако повеќето од сопствениците имаат и дворни места, а и гаражи.

– Сепак, најлесно им е да ги остават возилата на улица неразмислувајќи дека може да треба да се интервенира заради разни причини. Пожар, болно лице и собирањето на сметот се само дел од причините за кои е потребна брза интервенција. Дали несовесните сопственици размислиле дека можеби и ним може да им треба било каква помош и дека заради нивната несовесност некој може да настрада? По се изгледа дека ќе мора да се пишуваат казни. Само така јавните површини би се расчистиле за нормално одвивање на сообраќајот, додаваат од Ѓорче.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1