Упатство во десет чекори: Kако се станува милијардер?


Сопственикот на НБА тимот Далас Маверикс, Марк Кјубан, чие богатство се проценува на 2,4 милијарди долари, во својата книга „Ако можам јас, можете и вие“ објасни како го стекнал своето богатство. Ако се почитуваат парвилата, секој може да стане богат, вели тој. Еве ги неговите правила:

cuban-knjiga-391x6001. Не отворајте сопствена компанија ако тоа не е ваша опсесија или огромна љубов.

2. Ако однапред имате разработено излезна стратегија, значи тоа не е ваша опсесија.

3. Вработете ги само оние луѓе за кои ќе бидете сигурни дека ќе сакаат да работат во таа средина.

4. Продажбата лечи се. Детално разработете го начинот на кој вашата компанија ќе заработува пари и на кој ќе стигнете до планираната продажба.

5. Бидете свесни за вашите предности и фокусирајте се само на нив, и бидете најдобри во работата. Платете ги луѓето кои вредат. Вработувајте луѓе кои освен што ќе работат на струката лесно ќе се вклопат во средината и кои не се „прескапи“.

6. Никако не купувајте апарат за еспресо. Ручекот е одлична прилика да излезете од канцеларија и да разговарате. Денот има 24 часа, тие што сакаат – ќе работат.

7 Канцелариите се непотребни. Отворениот простор овозможува сите да бидат во тек со работното темпо и нуди чувство на заедништво. Ако некој иам потреба од приватност, нека оди во тоалет. Бегајте што подаелку од луѓе кои сакаат да летаат со бизнис класа или сакаат да имаат лична секретарка.

8. Компанијата мора да е на едно ниво. Ако имате менаџери кои одговараат пред други менаџери – ќе пропаднете.

9. Не фрлјате пари на непотребни работи. Сигурен знак за пропаст е делењето маици со вашето лого.

10. Работата мора да им биде забавна на вашите соработници. Контролирајте го нивото на стрес и наградувајте. Во мојата прва комапнија, после првата рекордна продажба одев по канцеларијата со банкноти од 100 долари и ги делев на соработниците. Имавме службен пијалок „камиказа“ и ги носев вработените во бар и со нив пиевме од една до десет рунди.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1