Детали од „Шпион“: Шпионирале за Грција – дома му се заканувале на познат скопски бизнисмен


Поранешен разузнавач, брат на јавниот обвинител опфатен со акцијата „Ликвидација“ е еден од организаторите на групата осомничена за шпионажа и злосторничко здружување, дознава Пресс24 од извори во истрагата.

spion apsenjeСпоред неофицијалните информации, при претресот во неговиот дом како дел од акцијата за расчистување со судско-обвинителската мафија во Велес, полицијата ја пронашла целосната документација која ја водел за неговите „разузнавачки“ активности, средби со странски служби, „продажба“ на државни тајни и класифицирани информации, профили и кодни имиња на неговите соработници во паралелната илегална разузнавачка групација. Во неговите досиеа се најдени огромен број податоци за лицата кои незаконски шпионирале во интерес на странските служби како и за оние кои уценувале личности од јавниот општествен живот. Според нашите извори, токму кај него биле пронајдени податоците за извесен Луди Милојко и Мачор, имиња под кои тој водел двајца од своите соработници.

Неофицијалните информации говорат дека екс-разузнавачот често остварувал средби со тајни агенти на разузнавачките служби на соседна Грција. Според нашите информации, средбите се одржувале во монденско одморалиште на Халкидики. Најверојатно за сопствена безбедност, тој поседувал илјадници фотографии од овие средби.

Освен споделување на информации со странските тајни служби, нашите извори во истрагата велат дека дел од осомничените, информациите кои ги прибирале ги користеле за уценување на познати личности од политчкиот и општествениот живот во земјава.  Системот бил добро разработен. Откако ќе се добиела некоја компромитирачка информација, дел од осомничените, ги контактирале засегнатите личности и им барале пари за да не ги објават информациите до кои стигнале. Најчесто им се заканувале дека јавно ќе ги оцрнат на некои од интернет порталите.
Како што дознава Press24 меѓу жртвите на оваа група е и познат скопски бизнисмен кој во минатото извршуваше и политичка функција.

Press24

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1