Денешните газди се производ на транзицијата кои преку ноќ, а сигурно не со плата, станале успешни бизнисмени. Дел од нив преку бизнисот и си го креираат егото кои им расте заедно со сметките во банките.
Успешен бизнисмен е оној кој има успешен бизнис, многу вработени кои не ги цеди како соковник и лаже за плата и се разбира не затајува данок. Вработените да ги пријавува и за нив да плаќа редовно придонеси.
Но, има и такви газди кои се замислуваат дека се Господ, па никој ништо не им може. Ќе налетате на газди кои се патолошки лажговци со богато криминално досие зад себе и кои веќе биле кираџии низ македонските затвори. Има и такви кои се дрзнуваат со вработените да се однесуваат како со сопственост и ги малтретираат и вон работното време. Ретки се газдите кои ги тепаат вработените, ама ги има и такви.
Уличарскиот и вулгарен речник е составен дел на модерниот газда. Има и будали што фрлаат и предмети по вработени, а таквите се на работ на шизофреничарско лудило. За да избегнат поголем данок, не ги пријавуваат вработените на цела плата, туку на минималец, а другото, се знае, се добива на рака. Па, кој е будала да работи за 7000, легално пријавени, јавна тајна е дека она што се дава на рака е трипати поголемо.
Најфраер се смета газда кој не дава редовно плата, лаже, пролонгира рокови на давање, уво го боли за закон, мислејќи дека тој е алфа и омега во бизнисот. Е, таквите ризикуваат да добијат ќотек од оние кои ги лажат.
Помина времето на молење за пари. Ќотекот излезе од рајот и влезе и во бизнисот – не даваш пари, аптеката храна ќе ти стане. Некој да работи и по 12 часа, за да може газдата да си ужива во луксуз, не се простува. Со плата од 10 000 не се живее, а уште помалку кредит ќе може да земете. И кога ќе го земете, отказот е најлошо што може да се случи. Газдата некогаш отказот може и да се благослов, ако газдата го сметате за психички пореметена личност.
Модерниот газда ужива кога Фејсбукот му е сретство за манипулација, омаловажување и шпионирање на вработените. Тоа го прави секој ден, влезен е во костумот на Џемс Бонд и мисли дека никој не може да го открие. Става камери и микрофони со цел да навлезе во интимата на вработените, а некои и ги прави дел и од својата имтима и тие му се таканаречени доушници кои редовно за добра партија секс умеат да се претворат во вистински Мата Хари.
За ваквиот газда има само едно решение, тотално игнорирање на сите негови неумесни коментари, ставете го во ограничена листа на пријатели за да не си го задоволува апетитот за ваши постови или доколку претера, обратете се на МВР , а сите негови постапки и закани документирајте ги во негов стил, снимајте го секој разговор со него.
Маја Крстиќ за Кукурику.мк