Oткако избувнаа контроверзии во 2012 година за карикатурите кои го портретираат муслиманскиот пророк Мухамед во францускиот сатиричен весник Шарли Ебдо, новинарот на американската ТВ мрежа Еј-Би-Си Џефри Кофман го интервјуираше уредникот и карикатурист, Стефан Шарбоние.
Шарбоние остана пркосен околу заканите со кои се соочуваше против објавување на овие карикатури.
“Нашата работа не е да ја браниме слободата на говорот, туку без неа ние сме мртви. Ние не можеме да живееме во земја без слобода на говорот. Претпочитам да умрам, отколку да живеам како стаорец, да бидам замолчен”, изјави Шарбоние за ABC News.
Во нападот на весникот во Париз, загинаа најмалку 12 лица денес – вклучувајќи го и Шарбоние.