Уште 5 кривични за „Керозин“ – земале мито за да молчат – Видео


Министерството за внатрешни работи во содејство со Управата за јавни приходи во рамки на операцијата „Керозин“ продолжи со преземање на мерки и активности заради обезбедување на дополнителни докази за извршени кривични дела, што резултира со поднесување на пет кривични пријави против вкупно 16 физички и пет правни лица до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

kerozin1 – Како резултат на дополнителните активности обезбедени се докази за инволвираност на десет нови лица – членови на криминалната група, како и дополнителни докази за шест лица опфатени со претходната кривична пријава од 15.11.2012 за извршени кривични дела „давање поткуп“, „примање поткуп“, „злоупотреба на службена положба“, „фалсификување на исправа“, „перење на пари и други приноси од казниво дело“ и „даночно затајување“, соопшти МВР.

Од преземени мерки, се посочува во соопштението, утврдено е дека шестмина вработени во: Општина Чаир, ЈЗУ Институт по белодробни заболувања кај децата Козле-Скопје, СУГС Браќа Миладиновци Драчево-Скопје, Државен студентски дом „Бранко Станоевиќ“ од Гостивар, ЈЗУ Општа болница Куманово и Општина Гази Баба. Сите биле задолжени да вршат прием или контрола на испорачаните количини на нафта во споменатите институции каде што биле вработени, ги сториле кривичните дела „примање на поткуп“ и „злоупотреба на службена положба и овластување“, со тоа што им овозможиле на членовите на криминалната група (опфатени со претходната пријава) да не ги испорачаат количините на нафта за греење кои се наведени во испратниците изготвени од Друштвото АЛМА – Комерц, но да им биде извршено плаќање по истите испратници, како целокупните количини да биле испорачани.

kerozin

За сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ поднесени се три кривични пријави против три лица и тоа М.Х.(46) вработен во Општина Чаир, на начин што при испорака на нафта за греење во училиштата и детските градинки на подрачјето на Општина Чаир, од страна на возачите на ДПТУ „Алма – Комерц“ ДООЕЛ Неготино се истоварало значително помала количина на нафта за греење од прикажаната во испратниците, а пријавениот кој знаел дека е испорачана помала количина, извршил прием и со тоа неосновано створил обврска за исплата на Општина Чаир кон добавувачот „Алма – Комерц“ ДООЕЛ Неготино, во вкупен износ од 13.516.160 денари за кој износ ја оштетил општината Чаир и истовремено и овозможил на „Алма Комерц“ да се стекне со противправна имотна корист.

Пријавениот Љ.А.(64) од Куманово, вработен во ЈЗУ Општа Болница Куманово каде бил задолжен за вршење надзор на прием на гориво, овозможил на фирмата „АЛМА КОМЕРЦ“, да се стекне со против правна имотна корист во висина од 173.126,98 денари, со тоа што иако знаел дека наведената количина на мазут според испратница не е доставена, истиот го потврдил приемот на количината која е наведена во испратницата и со тоа створил обврска ЈЗУ Општа Болница Куманово, да плати на добавувачот „АЛМА КОМЕРЦ“ количина од 4.420 килограми повеќе од реално примените, овозможувајќи имотна корист за добавувачот од 173.126,98 денари. Т.П.(41) од Скопје, вработен во Општина Гази Баба, ја злоупотребил службената положба на начин што ипотпишал и примил фалсификувани кантарни белешки за извршено мерење на количини нафта за греење наменети за потребите на Општина Гази Баба, училиштата и градинките на територија на Општина Гази Баба, во вкупна количина од 124.620 литри, иако реално се примени 69.538, со што овозможил организираната група да се стекне со противправна имотна корист во износ од 3.249.838

cisterna

денари за количина од 55.082 литри гориво за греење.Имено, Љ.П., Љ.Т., М.П., М.Д. и М.П., се кривично пријавени за „давање поткуп“ бидејќи во текот на 2012 година во повеќе наврати дирекно и индирекно дале подарок- „поткуп“ во вкупен износ од 150.000 денари, на Д.Ѓ. (вработен како магационер во ЈЗУ Институт по белодробни заболувања кај децата Козле-Скопје) износ од 45.000 денари, С.М.(вработен како магационер во ДСД Бранко Станоевиќ од Гостивар) износ од 75.000 денари, на Љ.Т. (вработен како домаќин во СУГС Браќа Миладиновци Драчево-Скопје) износ од 30.000 денари, тројцата кривично пријавени за „примање поткуп“ во својство на службени лица вработени во споменатите институции – нарачатели на нафта за греење, во кои институции биле овластени да вршат прием на нафтата за греење која ја испорачувале друштвата: ДПТУ „АЛМА Комерц“ од Неготино и ОИЛ ИНТЕРНЕЈШЕНЕЛ ДОО Скопје.

Пријавените се согласиле и примиле поткуп со цел да примат помало количина на нафта за греење од договорената, согласно склучените договори за набавка и доставените Испратници од страна овие две друштва (преку кои работела криминалната група), а со цел стекнување на профит за криминалната група.

Во натамошните проверки, потврдено е дека А.П., А.В., Т.М., М.П., М.Б.(Косово) и Ј.Д.Г.(Бугарија) во деловната 2010, 2011 и 2012 година делувајќи како организирана криминална група, со друштвото АЛМА-КОМЕРЦ ДОО, учествувале на објавени јавни набавки-тендери во повеќе државни органи, органи на локалната самоуправа и јавни институции за набавка на екстра лесно гориво и мазут и во најголем случај успеале да ги добијат. При реализацијата на јавните набавки ги фактурирале договорените количини екстра лесно гориво, а испорачувале значително помали количини од договорените. На тој начин, иако друштвото АЛМА–КОМЕРЦ, според финансиската документација не требало да располага со нафтени деривати, фактички ги поседувало количините на (криминално обезбедено) фактурирани и неиспорачани количини гориво.

Така за периодот од 2010 до 2012 година, пријавените за друштвото АЛМА КОМЕРЦ ДОО на нелегален криминален начин со неиспорачување на количините кон нивните купувачи „обезбедиле“ вкупно 2.807.999 литри гориво во вкупна вредност од 2.385.577 евра, за кој износ и го оштетиле Буџетот на Р Македонија. Бидејќи за овие количини на гориво обезбедени на криминален начин, друштвото АЛМА-КОМЕРЦ ДОО немало легален влез, (за да може да врши натамошна продажба на други купувачи), влезот (наведената набавка) била обезедувана со прием на лажни фактури од дрштвата: Баљшој Крик ДООЕЛ, сопственост на А.В., Глобал Интер ДООЕЛ, сопственост на М.Б. и Ерма Транс ДООЕЛ, сопственост на Ј.Д.Г..

На овој начин осомничените овозможиле „легална“ продажба на горивото (кое е предмет на кривично дело) преку друштвото АЛМА КОМЕРЦ, со што на сметката на друштвото е остварен прилив од 2.385.577 евра, кои потоа преку сметката на друштвото биле пуштени во оптек за потребите на друштвото, со што пријавените за истиот износ го сториле и кривичното дело „перење пари и други приноси од казниво дело“.

Со приемот на лажните фактури со пресметан ДДВ, како и со неоснованото пребивање на овој влезен ДДВ со излезниот ДДВ, пријавените затаиле вкупен износ од 22.198.003 денари по основ на ДДВ. Со приемот на лажните фактури и нивното книжење како трошок, пријавните ја намалиле даночната основица за пресметка на данокот на добивка со што овозможиле друштвото АЛМА КОМЕРЦ ДОО да не плати данок на добивка во вкупен износ од 13.229.112 денари. Со ваквото делување пријавените го сториле кривичното дело „даночно затајување“ по чл.279 од КЗ на РМ и затаиле данок во вкупен износ од 576.050 евра за кој износ го оштетиле Буџетот на РМ.

Против споментите физички и правни лица е поднесена кривична пријава за сторени кривични дела „перење пари и други приноси од казниво дело“ и „даночно затајување“.

Исто така, злосторничкото здружение, освен со неиспорачување на масло за греење-екстра лесно, идентично постапувале и при продажбата на мазут на државни и приватни институции (и други големи купувачи), на кои не ги испорачувале количините наведени во финансиските документи (фактури и испратници) туку значително помали количини. На овој начин, се стекнувале со „дополнителни“ нелегални количини на мазут, кои ги легализирале со изготвување на финансиски документи со цел понатаму вака нелегално обезбедените количини на мазут, да ги продадат на други купувачи. Во текот на 2011 и 2012 година, Друштвото АЛМА- Комерц, не испорачало (противправно присвоило) мазут во количина од 225.428 кг со вкупна вредност од 164.800 евра, за што исто така воглавно се оштетени државни институции. За истото е поднесен Посебен извештај.

По добиени Наредби од страна на надлежен истражен судија на ден 24.12.2012 година од слобода беа лишени пет лица кои заедно со пријавите беа изведени пред истражен судија од чија страна им е изречена мерка притвор во времетраење од 30 дена.

Во рамките на акцијата „Керозин“ во ноември годинава беше сузбиена деветчлена организирана криминална група која преку правните субјекти во нивно владение, вршела злоупотреби со неисполнување на обврските од склучените договори за јавни набавки, транспорт и испорака на нафта за греење (ЕЛ) на набавувачите – државни органи (институции, единици на локална самоупорава и органи во нивна надлежност).

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1