Грчки богаташи ќе го прослават Божик во ВИП одделот на атинскиот затвор


Голем број познати Грци, кои претходните години го прославувале Божик во луксузни хотели со чаша шампањско, оваа година заедно ќе го празнуваат во атинскиот затвор „Коридалос“, пишува грчкиот весник „Прото тема“ под наслов „Божиќна приказна во ВИП одделот“.

97856-zatvor-ap

Дури ни луѓето со најразвиена фантазија не би можеле да си помислат дека вакво друштво од богаташи ќе се собере зад решетките на затворот за божиќната вечер, коментира весникот.

Меѓу затворениците во ВИП одделот се наоѓаат поранешниот министер за одбрана и човек од високите кругови Акис Цохаѕопулос, познатиот лик од фудбалот Макис Псомиадис, еден од најпознатите Грци во модниот свет Лакис Гавалас и сопственикот на банка и компании Лаврендис Лаврендиадис.

Познатите личности се изолирани од останатите затвореници и уживаат голем број привилегии, кои полека почнуваат да ги губат. Поради постојано пристигнување на нови „клиенти“ еднокреветните ќелии веќе стануваат ќелии со по четири кревети. Од минатата недела поради пребукираност и очекување на нови затвореници, раководството на казнено поправниот дом донело решение да се отстранат сите дополнителни апарати за греење. Вработените во затворот тврдат дека сметките за струја значително се зголемиле поради постојаната употреба на „приватните“ калорифери, наведува „Прото тема“.

Последните месеци во Грција беа уапсени многу влијателни личности од различни области, а главните обвиненија против нив се задолжување кон државата и перење на пари.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1