Ги намамил пожарникарите и почнал да пука: „Убивањето е она што јас најдобро можам да направам“


manijak„Морам да видам уште колку квартови можам да запалам и да го направам она што најдобро го знам – да убивам луѓе“, напишал убиецот на Њујоршките пожарникари во порака пред да крене во својот убиствен поход.

62 годишниот Вилијам Спенглер уби двајца пожарникари, а рани уште двајца други и еден полицаец пред да изврши самоубиство. Истрагата покажала дека Спенглер го подметнал пожарот со цел да ги намами пожарникарите на местото на трагедијата.

„Изгледа дека сето тоа беше само замка“ изјавува за CNN шефот на полицијата во Вебстер, каде се случи несреќата. Убиецот подметнал пожар, си пронашол место каде да се крие и каде има добар поглед и почнал да пука по пожарникарите кои излегле на терен.

Поради стрелбата на овој лудак пожарникарите не можеле да си ја извршат работата па пожарот зафатил уште неколку куќи пред да биде изгасен.

Полициската специјална единица евакуирала 33 лица.

 

Share Button

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1