Уапсена десетчлена група шверцери на дрога, оружје и експлозив


sverc Десетчлена криминална група на чело со Стеван Богданич (47) синоќа беше уапсена, по налог на обвинителството за организиран криминал. Истите се осомничени за трговија со оружје, експлозивни направи и дрога.

Осомничените се уапсени во акција на Второто одделение на белградската полиција, интервентната единица и обвинителството.

Стеван Богданич е осомничен дека е организатор на оваа група која оперирала на територијата на Србија и други земји од поранешна Југославија, како и во некои од земјите од ЕУ.

sverc1

Оваа криминална група е осомничена дека од Босна и Херцеговина криумчарела експлозив и правела експлозивни направи кои потоа го продолжувале шверцерскиот пат. Осомничени се и дека на територијата на Косово и Метохија преки Нов Пазар, шверцувале марихуана за нарко пазарот во Белград.

sverc2

За време на акцијата биле одземени 12 експлозивни направи, 5,5 килограми експлозив, пет рачни бомби, две тромблонски мини, три пиштоли со пригушувач, автоматска пушка, 28 килограми марихуана и пет килограми кокаин, поголема количина муниција, барут и оптика за снајпер.

Обвинителството им одреди триесет дневен притвор откако во текот на изминатиот ден бил извршен распит со сите уапсени и истите биле сослушани.

sverc3

Обвинителството против нив покрена кривична пријава поради основано сомневање дека извршиле кривични дела и здружување поради кривични дела, недозволено производство, држење и продажба на опојни дроги.

 

Share Button

Tags: , , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1