Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција соопшти дека бројот на заразени со делта сојот се зголеми за уште четири лица.
![](https://mkd-news.com/wp-content/uploads/2020/10/virus-test555-1024x534.jpg)
Оние вчерашни испитувања на четворица пациенти, случаите што се анализираа, потврдија дека имаат индиски сој на коронавирусот. Еден пациент е во потешка, додека пак другите се со стабилна клиничка слика и немаат потешка форма на болеста, соопшти министерот Филипче.