Уште еден град се отцепи од Украина – Прогласена независна Народна Република Доњецк


Проруските демонстранти во Доњецк од Русија бараат испраќање „мировни сили“ во случај на „украинска агресија“

donjeckОд собирот на активистите во Доњецк, на Јутјуб е објавена видео снимка. На новинарите не им беше дозволен пристап во салата на управната зграда. На видео снимката е прикажан еден активист кој стоејќи на подиум извикува: „Прогласувам основање на независна држава Народна Република Доњецк“, објави Дојче веле.

Украинскиот преоден премиер Арсениј Јацењук ја обвини Русија дека стои зад безредијата во источниот дел на Украина. Тие се „дел од планот за дестабилизација, за странска армија да ја мине границата и да влезе на украинска територија“, изјави Јацењук по седницата на Владата во Киев. „Сценариото е напишано од страна на Руската Федерација, а единствената цел е распарчување на Украина“, рече Јацењук.

Претходно, украинскиот преоден министер за внатрешни работи Арсен Аваков соопшти дека управната зграда во Харков е „целосно ослободена од сепаратисти“. Тој во својата порака на Фејсбук им се заблагодари на сите поддржувачи, без да наведе дали при протерувањето на проруските демонстранти од зградата било употребено насилство, или тие доброволно се повлекле.

Вчера проруски демонстранти зазедоа три управни згради во источниот дел на Украина. Тие влегоа во управата во Харков и Доњецк, каде на покривот закачија руско знаме, додека пак во Луганск нападнаа објект на тајната служба и бараа ослободување на истомислениците, кои беа уапсени на претходни собири.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1