Уште еден IPhone инцидент – 30 годишен човек од струен удар од телефонот заврши во кома


Само 2 недели по случајот со смртта на стујардесата која почина откако одговорила на повик додека нејзиниот телефон бил уклучен во струја да се полни, уште еден инцидент со популарниот IPhone.

iphone5-handson_67427aКинезот Ву Јиантонг (30) завршил во кома, откако добил струен удар кога се обидувал да го уклучи на полнач својот  iPhone 4, пишува Daily Mail.

Телефонот бил две години стар а откако човекот паднал во бесознание неговата сестра веднаш се обидела да му помогне. Се обидела да го исклучи телефонот од струја но и таа добила мал струен удар.

– Го уклучи телефонот, го удри струја и тој падна на подот – вели сестрата која призна дека телефонот немал официјален Apple хардвер.

Човекот е веднаш пренесен во болница – успеале да го спасат но се наоѓа во кома.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1