„Скопје сити мол“ заработи кривична,заради расна дискриминација


Раководителите на трговскиот центар „Скопје сити мол“ пред четери месеци  беа обвинети од вработените дека извршиле расна дискриминација со тоа што побарале лицата припадници на ромската заедница да не бидат ангажирани на работни задачи за одржување на хигиената во одделот за храна.

sity mallОвој случај повторно стана актуелен бидејќи јавното обвинителство не одговори на барањето од невладините организации случајот да се истражи и да се поведе постапка за утврдување. Мрежата за заштита од дискриминација вчера до Основното jавно обвинителство Скопје поднела кривична пријава против „Скопје сити мол“ и одговорните лица во овој трговски центар.

„Кривичната пријава е поднесена со цел да се спроведе истрага за конкретниот случај, да се истражи вистинитоста на наводите за сторена дискриминација врз основа на расна и етничка припадност, да се покрене постапка пред надлежен суд со цел казнување на сторителот на кривичното дело“, соопштуваат од Мрежата.

Покрај барањето до јавното обвинителство за спроведување истрага и за поведување судска постапка, Мрежата упатува барање за постапување и до Комисијата за заштита од дискриминација, која треба да ја извести јавноста дали има поведено постапка за утврдување на дискриминација и каков е исходот од постапката.

Izvor – Skopjeinfo.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1