Уште еден загинат кај Колари, познат идентитетот на починатите од страшната несреќа


Бројот на загинати во вчерашната несреќа кај Колари на патот Кичево-Охрид порасна на четири лица.

urgenten brza pomos klinika

Најновите информации говорат дека во страшната несреќа, покрај женското бебе родено 2015, неговата двегодишна сестра и нивниот татко 28-годишниот Деар А. од кичевско Зајас, на пат кон болница на тешките повреди им подлегнал и Амзи И.(56) од скопско Долно Свиларе кој бил сопатник во пикапот.

Дваесет и шест годишната Х.А. и возачот на пикапот 31-годишниот В.А. од скопско Горно Свиларе со тешки повреди се пренесени во Ургентниот центар во Скопје.

Несреќата се случи вчера околу 8:15 часот при судир на автомобил „Волво“ и товарно возило „Форд конект“. До завршување на увидот на кој присуствуваше и јавен обвинител, сообраќајот се одвиваше најизменично.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1