Утрово во 7:20 часот се случила уште една сообраќајна несреќа на патот Битола – Демир Хисар поточно пред село Лопатица. Во сообраќајната несреќа животот на лице место го загуби 23 – годишниот Валентин С. од Демир Хисар.
Ова е една од двете сообраќајки со загинати во близината на Битола за само неколку часа.
Утрово во 02:55 часот на магистралниот пат Битола-Прилеп, во близина на мостот на река Шемница се случила сообраќајна незгода.
Во истата најпрво учествувале две патнички моторни возила “Хјундаи Пони” и “Ауди” и двете со битолски регистарски ознаки, додека пак поради лошите временски услови дошло до судир и на уште пет патнички моторни возила.
На местото на настанот од здобиените повреди починал Пеце К.(32) од возилото „Хјундаи Пони“, додека пак со повреди се здобиле уште четири лица.