Уште кај три компании пронајдена смртоносната листерија?


Листеријата и опасноста од бактеријата предизвика паника кај македонското население, бидејќи во јавноста деновиве неофицијално се шири информација дека покрај кумановската “Екстра меин”, и кај производите на уште три компании кои се дел од бизнисот на месните преработки е можно присуство на опасната бактерија, пишува Вечер. Оваа информација во текот на вчерашниот ден не ја потврдуваат од Агенцијата за храна и ветеринарство, од каде што велат дека освен “Екстра меин”, во која е стопирано производството, немаат информации дали во другите месни индустрии е стопирано или намалено производството на месни преработки.

listeriaШто се однесува на сомнителните мостри, тие се земени веднаш откако беше откриен првиот случај на листерија во Гевгелија од Министерството за здравство и се уште траат анализите во сите месни капацитети во државата.

Според Михаил Цветков, новиот министер за земјоделство, целиот случај со листеријата ќе се одрази неповолно врз месната индустрија.
-Информацијата за изворот на листерија ќе се одрази врз целата месна индустрија. Граѓаните се скептични и внимаваат што купуваат, се воздржуваат од купување на месни производи. Очекуваме дека ќе има намалена потрошувачка во наредниот период – истакна министерот Цветков.

Од “Екстра меин” веќе се огласија и демантираа дека во нивните производи има од бактеријата листерија, бидејќи, според нив, не е можно од нивната компанија да излезе термички необработен производ.
-Сите производи, вклучително и сечканиот свински врат се термички третирани на температура од 73 до 79 Целзиусови степени, што значи загарантирано се уништува бактеријата листерија. На почетокот на годинава, според редовниот план за мострирање, земени се 158 мостри од производи и 112 брисови (69 од машини и работни површини и 43 од работници). Сите добиени резултати се негативни на присуството на каква било бактерија – велат од “Екстра меин”.
Месната индустрија веќе е потоната во криза, коментираат познавачите. Најмногу поради напливот на увозни месни преработки, кои им создаваат нелојална конкуренција. Неодамна сопствениците на месната компанија “Римес” ја затворија фабриката поради финансиски проблеми.

Истовремено, додека листеријата во Македонија однесе 4 човечки животи, ветеринарите во Србија минатата недела предупредија дека месото и месните производи во Србија се преполни со антибиотици и разни адитиви. Според нив, правилниците за безбедност на храната не се почитуваат, а во месните преработки често може да се најде и забранет полифосфат.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1