Уште непознат идентитетот на жената прегазена од “сканија“ во Влае


Скопската полиција сеуште нема информација околу иднетитетот на жената која утрово настрада во сообраќајна незгода во населбата Влае.

Отаму информираат дека увидот е завршен и додаваат дека до крајот на денот ќе можат да го соопштат идентитетот на жртвата.

Како што веќе информиравме трагичната сообраќајна незгода се случи на крстосницата меѓу улиците Ацо Шопов и Иван Цанкар. Настраданата ја минувала улицата кога на неа налетаал камион сканијаа и завршила под тркалата. Од тежината на повредите жената почина на самото место.

Фото: Вечер

soobrakj kamion

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1