Циклонот „Тамара“ кој два дена без престан врнеше над Балканот, не е „инцидент“ на климата, туку природно однесување на природата, за кое ОН пред 24 години ја алармираше целата планета. Ние, сепак немавме слух за тоа предупредување, пишува 24сата.рс.
-Метеоролозите, релативно добро ја прогнозираа појавата на циклонот, дека тој ќе донесе обилни врнежи, но никој не се осуди да предвиди дека ќе биде екстремно, бидејќи за тоа немаше параметри. Тоа не е работа на оние кои се дежурни за временската прогноза. Ние грешката ја направивме уште во 1990 година, изјавил професорот Младен Чуриќ, чија специјалност е физиката на облаците кои се формираат и предизвикуваат врнежи.
Тогаш, Организацијата на обединетите нации, врз основа на 30 годишно изтражување соопштиле дека најголемата опасност по животот и имотот на граѓаните не претставуваат војните, атомските бомби, туку атмосферските непогоди, од кои 10% им припаѓаат на земјотресите и вулканите, а дури 90% на силните цикони, урагани, торнада, снежни бури, поплави, топлотни бранови и слично.










