Од осумте тестирани пациенти, тројца членови на семејството на сопружниците од дебарско се позитивни, а останатите негативни на коронавирусот, информира Министерството за здравство.
-Позитивните пациенти, од петокот, 7 март, беа во домашна изолација со решение за ДСЗИ, а од вечерва ќе бидат хоспитализирани и лекувани на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје. На коронавирус се негативни: лицето кое на 26-ти минатиот месец престојувало во Бугарија, неговата сопруга, патникот од Сингапур, наш државјанин кој пред 3 дена се вратил во земјава, едно лице од Гевгелија и едно од Дебар, соопштуваат од МЗ.