Министерството за здравство информира дека денешната бројка на заболени со коронавирус во земјата – состојба до 12.00 часот изнесува 26 лица.
Позитивни се тестовите на тројца пациенти кои се тестирале на Клиниката „Жан Митрев”, а за нив ИЈЗ направи контролни тестови, со кои се потврдени претходниот резултати, соопшти Министерството за здравство.
Заклучно до 12 часот денеска во земјава се потврдени вкупно 26 лица заполени од коронавирусот.
Состојбата на сите пациенти е стабилна.
Утрово се тестирани 10 пациенти.
Министерот за здравство денеска одржа состанок со Комисијата за заразни болести и присуствуваше на кризниот штаб на Владата. Повеќе информации ќе бидат соопштение на прес-конференцијата на министерот за здравство Венко Филипче закажана за 14:00 часот во Владата