Услови на СДСМ – Нов министер за Финансии, правда, МВР и директор на МТВ


Нови министри за внатрешни работи, за правда и за финансии е владата од доверба со која СДСМ би се согласила да биде одговорна да ги организира локалните избори.

sdsmСамо ако опозицијата има доверба во тие нови тројца министри во секторите клучни за едни избори, изборите ќе бидат фер и демократски.

Ова, заедно со барањето за нов директор на МТВ, се дел од условите на СДСМ по синоќешната проширена седница на Централниот одбор на најголемата опозициска партија, за нивно учество на изборите. СДСМ не се откажува и од барањето во март да има и вонредни парламентарни избори.

Освен тоа останува актуелно и барањето за прочистување на избирачкиот список и доследна примена на препораките од ОБСЕ/ОДИХР во изборната регулатива. СДСМ не го заборави и условите за засилен меѓународен мониторинг и на рамноправна распределба на јавните фондови за реклами во медиумите.

Извор – МКД.МК

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1