Усмртен пешак – возачот избегал па сам се пријавил во полиција


Вчеравечер околу 22,00 часот на магистралниот пат Штип-Кочани, во близина на „Уларска раскрсница“, Б.П.(35) од Кочани управувајќи возило „пежо 206“ со штипски регистарски ознаки удрил во пешак и го напуштил местото на настанот. Пешакот од здобиените повреди починал.policija-skopje1-540x320

Увид на местото на настанот извршиле екипа од СВР Штип во присуство на јавен обвинител.

Подоцна, во 00,50 часот Б.П. сам се пријавил во ПС Кочани, каде му е извршено алкотестирање и му е утврдено присуство на 0,87 промили алкохол во организмот.

Истиот, по наредба на обвинителот е задржан во полициската станица.

Се превземаат мерки за утвршување на идентитетот на жртвата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1