Јанакиески: СЈО покажа дека работи по инструкции на СДСМ и Заев


СЈО во неколку прилики се покажа дека работи по инструкциите на СДСМ. Ме товарат за нешто што не постои и повторно ќе кажам тоа е една политичка хајка кон луѓе што тие ги утврдиле дека се влијателни во ВМРО-ДПМНЕ, дека треба да ги отстранат, вели поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески во своето гостување на НОВА ТВScreenshot_169

-СЈО во неколку прилики се покажа дека работи по инструкциите на СДСМ. Еве за потсетување, се сеќавате на еден говор што го имаше господинот Зоран Заев во општина Центар каде што најави дека наредниот период очекува дека ќе има барање за притвор дека ќе има обвинение и така натаму. И за само неколку дена СЈО излезе и го направи точно тоа што го кажа и господинот Заев. Значи СЈО функционира како продолжена рака на СДСМ. Во конкретниот случај пред некој ден во „Слободен печат“, медиу коеј многу близок до опозицијата излегува со став дека во наредниот период случајот „Космос“ ќе биде обработен од СЈО, друг новинар исто така близок до СДСМ очекуваат да има притвор, така да очекувам наредните денови СЈО да излезе на прес-конференција и да побара притвор за определени лица за случајот Космос, така да тие се во една спрега и СЈО работи како продолжена рака на СДСМ се со цел до крај да ја истераат онаа агенда за политичка хајка на членови на ВМРО-ДПМНЕ, вели Јанакиески.

Тој додава дека прес-конференцијата на СЈО беше доста театрална и повеќе беше политичка него како прес-конференција која треба да изгледа како едно Јавно обвинителство што ја држи.

– На самата прес-конференција не беа приложени никакви докази, немаше никакви аргументи, ни зошто се поднесува барање за истрага, ниту пак барање за притвор. Во самиот конкретен акт што се однесува за мене немаше ниту еден материјален доказ, ниту пак исказ она што ни го прочитаа од самиот документ, бидејќи за жал се уште нашите адвокати, нашите бранители ги немаат добиено документите од СЈО. Се надевам дека тоа многу скоро ќе го направат, но она што го предочија воопшто не доставија ниту еден материјален доказ, а мене ме товарат како шеф на изборен штаб. Такво нешто не постои ниту правно, значи не постои таков документ дека јас сум бил шеф на изборен штаб, ниту пак во органограмот на ВМРО-ДПМНЕ постои таква функција. Значи ме товарат за нешто што не постои и повторно ќе кажам тоа е една политичка хајка кон луѓе што тие ги утврдиле дека се влијателни во ВМРО-ДПМНЕ, дека треба да ги отстранат, нивната желба претпоставувам е дека ние определен период треба да бидеме во притвор и потоа незнам три, шест, девет месеци доколку има нешто ќе поднесат обвинение, доколку нема ништо ќе речат немаше ништо, извинете сега можете да одите на слобода, но не може да учествувате во кампања, не може да бидете политички активни, едноставно сакаат да нанесат штета на нас лично и исто така и на политичката партија на која ние припаѓаме, вели Јанакиески.

Јанакиески потенцира дека воопшто не биле не биле предочени никакви докази.

– Во однос на мерката притвор, се бараше во однос на две основи. Првиот основ беше дека јас можам да уништам материјали. Имено, се работи за избирачкиот материјал, бидејќи тоа беше предочено како доказ, а избирачкиот материјал беше тука до нас, значи ние седевме во една соба, избирачкиот материјал од општина центар беше тука. Тоа значи дека СЈО се плаши дека јас можам во текот на вечерта да отидам во судот да влезам, да го извадам тој материјал и да го уништам, што нема никаква логика бидејќи судот е добро обезбеден и така натаму, тоа беше првиот аргумент. Вториот аргумент беше дека јас можам да влијаам на сведоци. Тоа јас го кажав и во самата одбрана, тоа го кажаа и моите адвокати дека јас имам дадено исказ уште во месец август бидејќи пријавите од СДСМ претходно беа разгледувани во ОЈО. Во месец август јас дадов изјава и ако сум сакал да влијаам на сведоци сум можел тоа да го направам. Ниту сум влијаел на сведоци ниту планирам да влијаам. Тоа повторно беше една политичка хајка кон членови на ВМРО-ДПМНЕ, односно СЈО ги исполнува желбите на Заев, впрочем она што го кажа Заев на митингот во Центар тоа го направи СЈО, вели Јанакиески.

Коментирајќи го случајот со објектот „Космос“, Јанакиески изјави дека треба да се сфати, без разлика дали се работи за отстапување од 1,5 метри, од две метри, три метри и така натаму, дивоградба си е дивоградба.

– „Космос“ како објект е класична дивоградба и општина Гази Баба надлежна за таков вид на објекти има постапено согласно законот и тоа не го кажувам јас, туку тоа го кажа и Управниот суд. Тоа го потврди и самиот инвеститор, впрочем кога се донесе решението за уривање самиот инвеститор побара измени во тек на градба, односно неговата дозвола за градба да се измени точно за оние отстапувања што ги имаше и со тоа самиот ја призна вината дека при изградба на „Космос“ имаат направено нешто што е спротивно на законот за градење, рече Јанакиески.

Јанакиески нагласува дека не е точно дека објектот се рушел политички, туку сите правни аспекти во случајот „Космос“ се согласно законот за градење и сите судски истанци во Република Македонија имаат потврдено дека објектот е рушен согласно сите позитивни законски прописи.

-Во однос на обвинувањата дека сум бил длабоко влезен во градежништво во градба и така натаму, јас одговорно тврдам дека ниту имам градежна компанија, ниту сум се занимавал со градење, тоа се шпекулации се со цел да се нанесе негативно влијание на мојот имиџ, вели Јанакиески.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1