Уснија Реџепова тешко болна, Есма Реџепова го плаќа лекувањето


Легендарната пејачка на народна музика Уснија Реџепова, која повеќе од две години се бори со тешката болест – рак на белите дробови, е во исклучително лоша состојба и е во една белградска болница, објавија српските медиуми. Уснија еден месец престојувала кај братот и снаата во Скопје, а бидејќи не можела да биде хоспитализирана во Македонија, бидејќи не е наш здравствен осигуреник, во вторникот е хоспитализирана во една белградска болница.usnija

Пејачката кон крајот на јули требало да оди во Србија на контрола, но се откажала поради долгиот пат. Таа има вградено три стента, а поради лошето здравје не можела да се грижи за себе, поради што и заминала за Скопје.

Освен со братот и снаата, покрај Уснија цело време се нејзините колеги и пријатели со кои редовно се слуша телефонски. Велат дека е свесна за сериозноста на ситуацијата во која се наоѓа, но дека е силна и голем борец.

Македонската пејачка Есма Реџепова, открива дека, откако дознала дека нејзината другарка и колешка Уснија Реџепова има рак на белите дробови на сите начини се обидува да и помогне да ја победи болеста, пишува српски „Курир“. Есма на својата пријателка се обидува да и обезбеди терапии во Германија, кај најдобриот лекар, и се надева дека набрзо ќе тргне на тој пат.esma.jpg500

Есма рекла дека Уснија лошо изгледа, имајќи предвид дека тие две се многу блиски, Есма не може да се помири со тоа да ја гледа пријателката беспомошна, па работата ја преземала во своите раце.

– Со Уснија не сум се слушнала неколку дена бидејќи сум на одмор. Изгледаше лошо кога се видовме последниот пат. Со пријателите се обидувам да и средам да оди во Германија на лекување, но ќе видиме што ќе биде. Уснија и во Македонија има добар лекар, кој навистина и помага. Тој одлично се грижи за неа – рекла Есма за српски „Курир“ и продолжила:

„Неодамна отидов со неа во болницата. Луѓето едвај ја препознаа колку и е променет физичкиот изглед поради болеста. Многу тешко ми падна поради неа, бидејќи ја сакам и се грижам. Се сеќирам и секоја вечер се молам за нејзиното здравје. Таа повеќе не е онаа Уснија како што била некогаш. Братот и снаата, кои се грижат за неа, многу и помагаат околу терапијата. Нејзиниот живот се промени кога пред две години почина сопругот Светомир Шешиќ. Нејзе тоа многу ја погоди и оттогаш има проблеми со здравјето  – раскажала Есма.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1