Уснија Реџепова закрепнува од тешка болест на скопска клиника


Шеесет и девет годишната пејачка Уснија Реџепова веќе неколку месеци закрепнува од тешка болест на белите дробови во Скопје, а престојува во куќата на нејзиниот брат и снаата.

Уснија редовно оди на контроли и ги слуша советите на лекарите, поради што здравствената состојба и се подобрила, а во критичните моменти таа воопшто не излегувала од куќата на нејзиниот брат.usnija

Како што пренесуваат регионалните медиуми нејзините роднини се обидуваат да ја убедат да го продолжи престојот и лекувањето во Македонија но таа решила да се врати во Белград.

-Откако нејзиниот покоен сопруг Светомир Шешиќ Шеле почина кон крајот на јули 2013 година, Реџепова не може нормално да живее. Нејзината болест зема се поголем замав. Едно време само седеше дома и едвај и да комуницираше со некој, а лежеше и во болница. Колегите често и се јавуваат да и посакаат брзо закрепнување. Кога замина за Скопје, малку и се подобри состојбата. Таму е опкружена со луѓе кои ја сакаат и се грижат за неа. Брат и редовно ја носи на контроли. На нејзиното лице се гледаат позитивни промени, често се смее но се уште се бори со силни болки“, кажал извор близок до пејачката.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1