Уставен ги одби иницијативите за продолжување на мандатот на градоначалниците


Уставниот суд едногласно ги отфрли иницијативите за продолжување на мандатот на градоначалниците и општинските совети.ustaven sud

Судиите се прогласија за ненадлежни во однос на иницијативите кои беа поднесени од Светскиот македонски конгрес и Министерството за локална самоуправа со кои се бараше бришење на членовите од изборниот законик и законот за локална самоуправа кои го ограничуваат мандатот на градоначалниците и советниците на 4 години.

На денешната седница судијата известител Елена Гошева констатираше дека законодавецот не предвидел што доколку локалните избори не бидат распишани навреме, но Уставниот суд не може да го уредува тоа прашање.

Во своето излагање Гошева посочи дека уставните судии не може да креираат нова правна ситуација, туку само да ги оценуваат постојните одредби во законот.

По ваквата одлука на Уставен, судбината на локалната самоуправа е во рацете на Законодавниот дом. И Министерството за локална самоуправа бара брзо решавање на настаната ситуација.

Со оглед на настаната состојба поради нераспишувањето на локалните избори и истекот на мандатите на членовите на советите на општините и на градоначалниците на 15-ти мај.

Министерството за локална самоуправа денеска испрати писмено барање до претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, со цел во најкус можен рок да бидат преземени потребните дејствија и мерки со кои би се обезбедило уставно и законско функционирање на органите на единиците на локалната самоуправа, се наведува во соопштението од Министерството.

Со апел до Собранието вчера излезе и ЗЕЛС.

Надлежните институции се категорични дека продолжувањето на мандатот на локалната власт во оваа ситуација е во интерес на граѓаните, бидејќи во спротивно општините ќе бидат целосно блокирани.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1