53-годишна докторка од Нефрологија, пронајдена мртва, со бројни повреди по телото


Со убодни рани од нож во вратот и рацете безживотното тело на нефрологот Ј.М.С било пронајдено во домот на улицата ,,Елисие Поповски Марко‘‘

Веднаш била повикана итна помош, а по нив известување добила и полицијата. Синоќа во домот  пристигнал и јавен обвинител.urgenten brza pomos klinika

Колегите на 53 годишната лекарка немале можност за интервенција. Поради убодната рана во вратот таа веќе била почината. Телото по наредба на обвинител е предадено на обдукција.

– При увидот кај Ј.М.С. е забележан видлив убод со нож во пределот на вратот. Телото на починатата веднаш е дадено на обдукција, а од лице место се прибрани сите материјални траги и докази кои можат да помогнат во истрагата и истите се дадени на вештачење. По наредба на дежурен јавен обвинител ќе се врши ДНК анализа на трагите од крв пронајдени на лице место, соопштуваат од јавното обвинителство.

Од обвинителството потврдуваат дека на распит биле повикани неколку лица кои би можеле да помогнат во расветлување на случајот, а обвинителот веќе наредил и прегледување на видео надзорот на околните објекти. Камера има поставено и на влезот од домот . Денеска влезните порти на станбениот објект на улицата ,,Елисие Поповски Марко‘‘ беа затворени

Вработените на клиниката за нефрологија се шокирани по информацијата за смртта на нивната колешка која долги години работела на клиниката, а била и професор на медицинскиот факултет.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1