Уставен суд утре ќе одлучи дали исклучените и натаму ќе плаќаат за парното кое не го користат


Уставниот суд утре ќе одлучува – дали исклучените домаќинства од парно греење и натаму ќе плаќаат паушал или оваа обврска повеќе нема да важи. Министерот за економонија открива – Регулаторната комисија за енергетика подготвува нов Правилник. Токму од овај Правилник ќе произлезат обврските за граѓаните кои не користат повеќе топлинска енергија, а сепак плаќаат за услугата.

– Се ќе зависи од Правилникот. Тој веќе се подготвува во Регулаторната Комисија за енергетика и ова прашање ќе биде опфатено со новиот Правилник. , откако ќе излезе новиот закон за енергетика. Ако уставниот суд ја укине обврската, тогаш ќе се почитува тоа, изјави Крешник Бектеши, министер за економија.

Се претпоставува дека над 12 илјади домаќинства исклучени од системот за снабдување со топлинска енергоија секој месец плаќаат паушал од 500 до 1.200 денари. Граѓаните ревиолтирани против ваквата одлука со години претестираат пред Устваниот суд. Во 2009 та Уствниот ја укина одредбата со која на граѓаните им се наметнуваше обврска да плаќаат 50% од сметката за парно.

Но , остана обврската да плаќаат паушал, зависно од квадратурата на станот. Токму за ваквото толкување на правилниците, судот се прогласи за ненадлежен . Затоа исклучените граѓани од системот на БЕГ најавија и тужба ред Меѓународниот суд за човекови права во Стразбур.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1