Уставниот суд денеска конечно ќе расправа за парното


Уставниот суд денеска треба да пресече дали исклучените станари од системот за снабдување со топлинска енергија треба да ги плаќаат сметките за парно греење.

parnoОва за „Дневник“ го потврдија од судот, од каде што информираа дека на денешната седница судиите ќе расправаат за Правилникот за топлинска енергија, расправа што граѓаните ја чекаат цели девет месеци. Од Судот не откриваат никакви детали за тоа што покажала анализата на оспорениот Правилник за да не се влијае врз работата на судиите.

„Дневник“ веќе пишуваше дека сметките за исклучените корисници од парното греење може да паднат на суд, а компанијата не може да ги тужи неплаќачите бидејќи нема склучено договор со нив. Ова го тврдеа експерти по облигационо право и извори од Регулаторната комисија за енергетика, која лани летото го донесе спорниот Правилник, според кој и исклучените корисници треба да плаќаат фиксен износ. Нашите соговорници потенцираа дека според Законот за облигациските односи во овој случај нема договорно-доверителен однос меѓу снабдувачите и станарите. Според нив, за да платат, граѓаните треба да добијат некаква услуга од компанијата, а исклучените имаат решение за прекин на меѓусебните односи, со што обврската за плаќање на фактурата за услугата престанала.

повеќе на Дневник

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1