Усвоен предлогот за пристапување кон измени на Уставот


Со десет гласа „за”, седум „против” и без воздржани Комисијата за уставни прашања во Собранието на Република Македонија по дводневна расправа го усвои предлогот на Владата за пристапување кон измени на Уставот.

Беа донесени заклучоци за пристапување кон уставни измени и Владата во рок од 15 дена да изготви нацрт-аманадмани и да ги достави до Парламентот.

Отатко заврши претресот по предлогот, претседателот на Собранието Талат Џафери објасни дека за да се пристапи кон изменување на Уставот на седницата која треба да се одржи в понеделник ќе биде неопходно двотретинскло мнозинство на гласови.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1