Утре без струја делови од Аеродром, Зелениково, Бутел …


Од 9 до 12 часот утре без електрична енергија ќе останат корисниците од булеварот „Февруарски поход“, лоцирани околу последната станица на автобуската линија со број 5 и бензинската пумпа на „Макпетрол“ во општина Аеродром.skapa struja sijalici

Во временскиот период од 9 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од селата Градовци, Гумалево, Тисовица, Добрино и Дејковец во општина Зеленково, корисниците од улиците „Дринска“, „Нов живот“ и „Виничка“ во општина Шуто Оризари и корисниците од село Долна Арнакија, општина Сарај.

Корисниците од улицата „Хо Ши Мин“ броеви 182, 190 и 192 и детската градинка „11 Октомври“ на улицата „Натаниел Кучевишки“ во општина Бутел ќе бидат без струја од 12 до 15 часот.

Како што информира РЦУК – Скопје, прекините се поради инвестиции во електросистемот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1