Утре ќе биде затворен за сообраќај тунелот Демир Капија, детали од АМСМ


Проектот „Безбедни операции за ефективна и координирана патна инфраструктура“ (ECOROADS), проект кој е финансиран од програмата на ЕУ Хоризонт 2020 и која официјално започна на 1 јуни 2015година, се одвива мошне добро и веќе покажува позитивни резултати во институциите кои учествуваат во истиот и во државите од регионот на Западен Балкан, информираат од АМСМ.

Foto - Kurir.mk

Foto – Kurir.mk

Проектот опфаќа 3 од вкупно 5 заеднички безбедносни активности што треба да се спроведат во регионот на Транспортната опсерваторија за Југоисточна Европа, мешан тим составен од меѓународни и локални експерти од областа на безбедноста на патиштата, на еден дел на отворен пат и еден дел на тунел во должина над 500 метри. Досега, заеднички активности за безбедноста на патиштата се успешно изведени во следниве четири тунели: Kennedy во Белгија,Krrabe во Албанија,Rennsteigна BAB A71 во Германија, и Стражевица во Србија.

Пренесувањето на знаењата и најдобрите практики во текот на гореспоменатите теренски тест-посети беа од големо значење за експертите за безбедност на патиштата, а препораките дадени од инспекциите за безбедност на патиштата, се покажаа од огромна важност за операторите на патиштата и тунелите во однос на евентуалните мерки што би се преземале за безбедноста на тунелите во иднина.

Петтата и последна инспекција на тунел е планирана да се изврши во постоечкиот (стар) тунел во близина на Демир Капија на Коридорот 10 во Македонија, на делницата: Демир Капија-Гевгелија на државен пат А1, на 18-ти октомври 2016 година. Тимот од експерти од сите институции учеснички во проектот ECOROADS веќе е ангажиран, а логистичките подготовки се започнати. Ве потсетуваме дека тунелот Демир Капија е одбран во силна конкуренција од повеќе предложени тунели во регионот.

За да може инспекцијата да се одвива непречено и согласно стандардите договорени на почетокот на овој проект, за оваа прилика привремено е затворен за сообраќај тунелот Демир Капија на делницата: Демир Капија-Гевгелија на државен пат А1на 18-ти октомври од 21:00 до 22:00 часот,за да се дозволи непречен пристап во тек на 1час за 10-15 експерти да извршат инспекција на неговата безбедност.

За затварањето на тунелот Демир Капија на делницата: Демир Капија-Гевгелија на државен пат А1 за регулирањето на забраната за движење на сите категории на возила обезбедено е соодветна сообраќајна сигнализација во согласност со важечките стандарди во сила во Република Македонија и обезбедена е и асистенција од Министерството за внатрешни работи, надлежно за одржување и контрола на безбедноста на сообраќајот на патиштата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1