Утре на небото не очекуваат две појави: Комета и затемнување на Месечината


Прво ќе бидеме сведоци на затемнување на Месечината, а потоа неколку часа подоцна ќе помине во близина на Земјата кометата 45P, или т. н. новогодишна комета.

Во текот на ова затемнување на Месечината, главната сенка на Земјата, кога таа ќе се најде меѓу Сонцето и нашиот сателит, нема да ја покрие баш целата Месечина. Затемнувањето над Скопје ќе почне во 23.34 во петок, а максимумот ќе биде достигнат во 01.43 во сабота.mesecina skopje

Тотално затемнување на Месечината ќе видиме следната година.

Ако имаме среќа на небото да нема облаци ќе ја видиме Месечината во темно сребрена боја.

Во Европа, Африка и Западна Азија, овој настан ќе биде видлив доцна во ноќта на јужното небо, додека во Централна, Северна и Јужна Америка погледот ќе биде најдобар од истокот.

Ако никогаш не сте ја виделе кометата 45 / P Хонда-Мркос- Пајдушакова, оваа недела ви се пружа добра шанса. Во моментов таа сјае со јачина од + 6,5, и ќе помина покрај Земјата на далечина од 12,3 милиони километри (0,08 AU) во сабота на 11 февруари. Ова е најблиску поминување на кометата за остатокот од овој век и затоа сега е времето да ја видите на небото.

Таа ќе се појави над Скопје во 01:33 во сабота на запад, на висина од 22° и ќе сјае со јачина од 8,6, транзитот ќе биде во 08:26, а ќе ја снема од небото над Европа во 15:19 часот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1