Под влијание на циклон до крајот на денов врнежи од дожд ќе имаме речиси насекаде низ државава, а локално не се исклучува можноста и за појава на нестабилност. Најинтензивни врнежи ќе бидат во западната половина каде локално ќе наврнат над 25 л/м2 воден талог.
Ќе дува засилен ветер од јужен и од југоисточен правец кој локално ќе достигнува брзина од над 80 км/час. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 19 степени.
Под влијание на понатамошно јужно и југозападно воздушно струење од утре повторно ќе има позначителен пораст на температурите на воздухот и истите ќе бидат над просекот за овој дел од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 22 степени, облачноста ќе се намали а врнежите ќе престанат.
Повторно повеќе облаци ќе имаме во среда кога на крајниот запад има услови за слаб локален дожд, а нов бран на врнежи се очекува во четврток особено попладне и навечер како и во петок.