Марија Ј. (74) е жената која вчера утрината беше прегазена во скопската населба Влае.
Несреќата се случи вчера околу 8:20 часот на раскрсницата со улиците „Ацо Шопов“ и „Иван Цанкар“, кога во Марија удрил камион „Сканија“ управуван од Б.Б. од скопското село Глумово.
Жената од повредите починала на лице место, а како што неофицијално дознаваме ја идентификувал нејзиниот син.
Фото: Вечер