Фијат Цаноски се повлекува од политиката


Лидерот на ПЕИ, Фијат Цаноски во писмено соопштение ја информираше јавноста дека се повлекува од политиката.

fijat-canoski-Јас , Фијат Цаноски сакам да ја информирам домашната и севкупната јавност дека се повлекувам од функцијата Претседател на Партијата за Европска Иднина  а воедно и од политичката сцена во Република Македонија.

Одлуката ја носам како  морален  чин  а е израз на лошите изборни резултати што Партијата за Европска Иднина ги постигна на последните парламентарни избори.

Сакам да им се заблагодарам на сите досегашни подржувачи на политиките кои како лидер на Партијата за Европска Иднина ги имам водено во изминатиот период  и да им посакам многу успех во нивниот  приватен и деловен живот.

До свикување на наредниот конгрес  , со Партијата за Европска Иднина ќе раководат партиските тела и органи согласно статутот на Партијата .

Интегрален текст од сопштението на ПЕИ

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1