Ужас: Босанец го однел својот 3 годишен син во Сирија и загинал – детето сега го воспитуваат џихадисти


Кубанката Лидија Сорано чии поранашен сопруг, босански џихадист, загина борејќи се за ИСИС, се шокирала кога на фотографија на интерент го препознала својот 3-годишен син фотографиран на боиште во Сирија.

lidija-sin500

На фотографијата која е направена од позиција на фронтот јасно се гледа дете од четири години, облечено во црн блузон, со пушка преку рамото и со лента на борците на Исламската држава како оди на чело на сирискиот фронт.

Карабинерите од Падова веќе со месеци истражуваат мрежа на лица кои се задолжени за регрутирање борци во Сирија во италијанскиот регион Венето.

Полицијата не може со сигурност да тврди дека детето од сликата е токму Исмаил Месинович. Исмар, од БиХ дошол во Италија, каде работел како молер и живеел со сопругата Лидија. Лидија не сакала да ја промени својата вера со ислам, пренесуваат италијанските медиуми.

Исмар својот син прво го одвел во Германија, каде живеат неговите родители, а потоа сите заедно требало да одат во Босна. Наместо тоа, Исмар својот син го одвел во Сирија.Ismail1

Лидија која по стапувањето во брак со сега поранешниот сопруг Исмар Мешиновиќ, живеела во БиХ и повеќе од една година води битка да си го врати детето дома.

Несреќната жена не знаела што се случува со нејзиниот син, откако таткото без нејзино знаење го однел во Сирија. Сега го видела на фотографија со постар маж и со пушка во рака пред логор на ИСИС.

Лидија последен пат го видела своето синче пред повеќе од една година, кога неговиот татко наводно го земал и го одел на гости кај неговите родители.

– Го носам на неколку дена кај моите родители, не грижи се, и рекол поранешниот сопруг пред да го земе детето, и заедно да им се придружат на џихадистите.

Таткото на детенцето починал на 4.јануари годинава во борба со сириската армија. Италијанската полиција, каде што сега живее Лидија, посочила дека постариот човек кој на фотографијата го води малото дете за рака е државјанин на БиХ со иницијали С.Ч.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1