10 дечиња од руска градинка биле позитивни на полно пренослива болест. Полицијата истражува како се заразиле. Сите заразени дечиња се од една руска градинка во Березники и биле позитивни на сифилис.
Според пишувањата на руските медиуми дечињата се ставени на посебно лечење. Руската страница Neva24 известува дека е покрената истрага, а шокантно е што од градинката не им ни кажале на родителите туку само без да објаснат рекле дека на децата ќе им се земе крв за Васерманов тест што е тест за полно преносливи болести.
Татјана Мухтајева задолжена за градинките изјавиле дека во својата 40 годишна кариера никогаш не се сретнала со таков тип на зараза и тешко е да се замисли како се заразиле децата со оглед на фактот дека пренесувањето на сифилс по друг пат освен сексуален е навистина ретко.