Кои се најпросперитетните земји во светот (Видео/Фото)


Legatum Institute“ објави листа на најпросперитетни земји во светот, а Македонија се нашла на 75-тото место.

Годишниот индекс на просперитет се пресметува во последните 6 години врз основа на осум категории: економија, образование, претприемништво и можност, управување, здравје, лична слобода и безбедност, и социјален капитал. Индексот покрива 96 % од светската популација и е обид за почироко мерење на економското здравје на земјите од светот. Листата е составена од независна советодавна организација на Legatum Institute.

Според најновата листа, која вклучува 142 земји, Македонија се наоѓа на 75-тото-место. Хрватска се наоѓа на 50-тото, оставајќи ја зад себе Црна Гора, која беше на 57-то, а на Србија ѝ припаѓа 79-та позиција. Албанија и Босна и Херцеговина се сместени во 92 и 99 место. Од сите земји во регионот, на најдобра позиција е рангирана Словенија со 24-то место.

 

Водечките позиции на листата се задржани од Норвешка и Данска, кои оваа година ги земаа првите две места, додека Шведска оваа година ги прескокна Австралија и Нов Зеланд, и се наоѓа на третото место. На 6-то место е Канада, проследено со Финска, додека Холандија и Швајцарија се 8-мо и 9-то место. Меѓу десетте најдобри оваа година се најде и Ирска.

 

Интересно е тоа што САД за прв пат оваа година, излезе од листата на првите десет најпросперитетните земји, добијавќи ја 12-тата позиција, веднаш по Луксембург на 11 место.

Share Button

Tags:

Ирма Башеска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1