Единаесетгодишно момче претрпело тешки повреди на двете нозе откако неговата мајка го турнала под воз во Хамбург.
Мајката (31) е најверојатно психички растроена, стои во соопштението на полицијата, откако беше уапсена жената.
Инаку, екипата за итна помош морала рачно да го помести возот за да го ослободи детето. Лекарите и пожарникарите изјавиле дека детето било свесно целото време и покрај тешките повреди.
Полицијата отворила истрага за обид за убиство, но не се знае како е дојдено до тоа сознание – на основа на видео снимките или изјави на очевидците.
Мајката е задржана во психијатриска болница.