Ужас: Не сакав да го убијам!- Мајката го тресела едномесечното бебе до смрт


Едита Барањи од Врбас е уапсена под сомневање дека го убила своето едномесечно бебе Мирјана Милановиќ и одреден и е притвор од 48 часа, по што ќе биде приведена во обвинителството во Сомбор.

23- годишната Едита заедно со сопругот и татко на бебето 25- годишниот Горан Милановиќ, вчера утрото околу 10 часот го донела своето едномесечно бебе без знаци на живот во Здравствениот дом во Врбас.5000edita-baranji-144452074

-Педијатарот веднаш констатирал дека бебето е мртво. Наложена е итна обдукција, која покажала дека бебето починало од насилна смрт, објавува српски Курир.

Не сакав да го убијам

Едита во полиција изјавила дека немала намера да го убие своето дете.

-Не сакав да го убијам. Цела ноќ не сакаше да јаде, плачеше. Не знаев што да правам, па ја тресев малку повеќе, вели таа низ солзи.

Инаку Едита има уште едно дете, исто така ќерка, стара околу 2 години, со која немала никакви проблеми, додека по второто породување на 11 септември наводно паднала во депресија.

-Одев на лекар од кој добив некој лек. Ми рече дека тоа е постпородилна депресија. Се колнам дека не сакав да го убијам мојот ангел. Што ќе правам сега без неа!? Зошто ја тресев? Мислев дека ќе престане да плаче и дека ќе јаде. Леле, што ќе правам сега, говорела мајката во полиција.

Постојано се карале

Српскиот портал Курир објавува неофицијално дека по обдукцијата на бебето не се пронајдени отисоци од давење ниту пак модрици по телото.

-Изгледа дека од тресењето детето доживеало потрес на мозокот, зошто тоа е бебе од само месец дена, вели извор.

Милановиќ синоќа не сакал да зборува со медиумите.

– Не се чуствувам добро и ме боли главата. Не можам ништо да ви кажам, не сакам да зборувам за тоа, кратко изјавил.

Блиски роднини тврдат дека двојката имала проблеми и постојано се карале.

-Сите сме во шок. Мајката со сопругот и бебето вчера беше кај нас. Се беше во ред. Бебето беше добро и се однесуваше нормало. Што се случило во меѓувреме не знаеме. Како што разбравме, мајката утрото забележала дека нешто не е во ред со детето, дека не се буди и го повикала сопругот кој била на работа, вели роднина.

Истрагата за ова чедоморство е во тек.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1