Амстердам – Холандската педофилска асоцијација „Мартијн“, која се залага за општеството да го прифати „консензуалниот“ секс, помеѓу децата и возрасни, нема да биде забранета.
Оваа одлука денеска ја издаде Апелацискиот суд, а казната помина во промена на пресудата донесена во 2012 година.
„Според одлуката на Апелациониот суд, работата на организацијата е во спротивност со јавниот ред и мир, но не претставува закана за нарушување на општествениот поредок“, пишува во соопштението на судот.
Одлуката е донесена поради тоа што шефот на здружението на „Мартијн“, во јуни поднесе жалба на пресудата на судот во Асен, да работата на организацијата која има околу 60 членови, биде забранета.
Основано во 1982 година, здружението на „Мартијн“ лобира, да друштвото ја прифати педофилијата, но се противи на секаков вид на сексуална злоупотреба. Апелациониот суд изјави дека фактот што некои членови на здружението, претходно обвинети за сексуална злоупотреба, не е одговорност на организацијата на која тие припаѓаат, бидејќи како таква никогаш не сторила кривично дело.
Текстовите и фотографиите поставени на сајтот на здружението се легални и нив луѓето не ги наведуваат да имаат секс со деца, се наведува во соопштението на судот.
Сепак, се тоа не доведува до пореметување на општествениот поредок, што е услов да организацијата биде забранета, но друштвото е доволно способно да се одбрани од несаканите или несоодветни изјави (но, не и кривично) однесување, се вели во соопштението.
Откако судот ја најави својата одлука, претседателот на здружението напиша на својот Твитер „За цела среќа, постојат уште мудри судии“.
Судот во Леувардени одби во 2011 година да спроведе постапка против здружението, и покрај тоа што дури и во слободното холандско друштво, нивната работа, прдизвика негодување.
Поранешниот шеф на организацијата, Ад ван ден Берг, беше осуден во 2011 година, до три години затвор за поседување на детски порнографски материјал.