Властите на Спраг,малечко гратче во САД, трагаат по мажот кој се обидел во неделата да киднапира 22-месечно дете.
За среќа обидот за киднапирање бил неуспешен, затоа што во „спасувачката мисија“ се вклучил неговите брат и сестра кои имаат по 8 и 10 години.
Имено, таткото на децата Магер Врајт по инцидентот објаснил дека тој своите три деца, Овен (22 месеци), Бренден (10 години) и Делиција (8 години) ги оставил дома со бебиситерка и излегол да заврши некои обврски.
Децата без да бидат надгледувани од бебиситерката заминале да си играат во блискиот парк.
Тогаш, како што објаснуваат тие, им се доближил мажот кој се трага за обид за киднапирање и со нив зборувал околу 5 минути. Тој во еден момент одеднаш го грабнал малиот Овен од количката и почнал да бега низ улицата.
Бренден и Делиција веднаш почнале да трчаат по него и да викаат на сиот глас барајќи помош.
Еден човек кој работел во антикварница го слушнал викањето и сфатил дека нешто не е во ред, но и киднаперот исто така сфатил дека нема да може да побегне со дете во раце, па во еден момент подзастанал и го оставил малиот Овен на земја.
За среќа детенцето било неповредено и безбедно вратено дома.