Мостот, кој Италијанците уште го нарекуваат и Понте Моранди (мостот Моранди) спрема италијанскиот инженер Рикардо Моранди кој го проектирал, се градел од 1963 до 1967 година.
Долг е 1 102 метри, го потпираат три столба од армиран бетон со висина од 90 метри. За сообраќај е отворен во 1967 година.
Надвозникот е oбновен во 2016-та година и поминува над трговски центри , фабрика, станбени згради, пругата Џенова-Милан и река.
Јавниот обвинител на Џенова, Франческо Кочи, соопштил дека човечка грешка довела до пад на мостот.
Истражителите детално ќе ги анализираат сите аспекти на изградбата, проектирање и одржување на мостот, додал тој.
Експертите веќе некое време предупредуваат дека надвозникот е проблематичен поради деградација на бетонот и високи трошоци на одржување. Во 2009 година е направена студија според која мостот би се урнал и на негово место би се изградил нов. Во извештајот од 2011 година се предупредува на интензивна деградација поради сообраќај.