Вака изгледала пред три месеци, а потоа една таблета и го уништи животот!


Шеснаесет годишната Ејми Томпсон направи грешка која и го уништи животот. На една забава голтнала таблета екстази, за потоа да падне во несвест и да заврши во инвалидска количка.

Донесена е во болница на 10 јуни оваа година, откако на една забава паднала во несвест. Набргу потоа паднала во кома, а после две недели поминати во таа состојба, за првпат успеала да и ја стисне раката на својата мајка.

ej500

Ејми се уште оздравува од последиците на комата, се движи со помош на инвалидска количка и едвај успева да зборува. Нејзиното семејство на Фејсбук постави видео во кое Ејми им се заблагодарува на пријателите за поддршката.

Нејзината братучетка Каја се надева дека фотографиите и видеото ќе бидат поучна лекција за сите оние што помислуваат да експериментираат со дрогите.

„Многумина можат да плачат, да се смеат или да бидат шокиран откако ќе го погледнат ова видео. Но еве што и се случи на Ејми од само една мала таблета, истото може да ви се случи и на вас“ – изјави Каја.

„Ејми на ова видео изгледа многу подобро отколку пред неколку недели“ – додаде нејзината братучетка.

Семејството им порачува на сите да се тргнат настрана дури и од “најбезопасните лесни дроги“. Се надеваат дека нивната ќерка ќе оздрави, но се уште не знаат колку штета има претрпено нејзиното тело.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1